Помош во уред
Вашиот уред содржи инструкции за помош за
користење на апликациите во Вашиот уред.
За да ги отворите помошните апликации од главното
мени, одберете
Menu
>
Applications
>
Help
>
Help
и апликацијата за која сакате да ги прочитате
инструкциите.
Кога некоја апликација е отворена, за да пристапите
до текстот за помош од моменталниот приказ,
одберете
Options
>
Help
.
Кога ги читате инструкциите, за да ја промените
големината на помошниот текст, одберете
Options
>
Decrease font size
или
Increase font size
.
Можете да најдете линкови до поврзани теми на крајот
од текстот за помош. Ако одберете некој подвлечен
збор, се покажува кратко објаснување. Помошните
текстови ги користат следниве индикатори: Линк до
поврзана содржина за помош. Линк до
апликацијата за која се дискутира.
Кога ги читате инструкциите, за да се префрлите од
текстот за помош на апликацијата што е отворена во
позадина, одберете
Options
>
Show open apps.
и
саканата апликација.