Поддршка
Кога сакате да научите повеќе за тоа како да го
користите Вашиот производ или кога не сте сигурни
како телефонот треба да функционира, прочитајте го
упатството за корисникот во телефонот. Одберете
Menu
>
Applications
>
Help
>
Help
.
Ако ова не го реши Вашиот проблем, направете нешто
од следново:
• Повторно стартувајте го телефонот. Исклучете го
телефонот и отстранете ја батеријата. По околу
минута, вратете ја батеријата на своето место и
вклучете го телефонот.
• Ажурирајте го софтверот од вашиот телефон
• Враќање на фабричките прилагодувања
Доколку дилемите останат нерешени, контактирајте
со Nokia за опции за поправање. Одете до
www.nokia.com/repair. Пред да го испратите Вашиот
телефон на поправка, секогаш направете резервни
копии на податоците во Вашиот телефон.