Безбедност на уредот и SIM
картичката
За да го промените PIN кодот, одберете
Phone and SIM
card
>
PIN code
. Новиот код мора да биде долг од 4 до
8 цифри. PIN кодот ја заштитува Вашата SIM картичка
од неовластена употреба и е обезбеден со SIM
картичката. Ако трипати по ред се внесе погрешен PIN
код, кодот се блокира, и потребен Ви е PUK кодот за
негово деблокирање пред да можете повторно да ја
користите SIM картичката.
За да ја наместите тастатурата да се заклучува
автоматски по одреден период, одберете
Phone and
SIM card
>
Keypad autolock period
.
За да прилагодите времетрање по кое уредот
автоматски ќе се заклучува и ќе може да се користи
само доколку се внесе правилниот код за заклучување,
одберете
Phone and SIM card
>
Phone autolock
period
. Внесете бројка за времетрањето во минути, или
одберете
None
за да го исклучите временскиот период
на авто-заклучување. Кога уредот е заклучен, сеуште
можете да одговарате на дојдовни повици и можни се
само повиците до официјалниот итен број
програмиран во Вашиот уред.
За да прилагодите нов код на заклучување, одберете
Phone and SIM card
>
Lock code
. Стандардниот код за
заклучување е 12345. Внесете го моменталниот код и
потоа новиот код двапати. Новиот код може да биде
долг од 4-255 знаци. Може да се користат и букви и
бројки, и големи и мали букви. Уредот Ве известува
доколку кодот за заклучување не е правилно
форматиран.
134
Прилагод
ув
ања