Текст и мултимедиа
пораки
Одберете
Menu
>
Messaging
.
Само уредите што имаат компатибилни функции можат
да примаат и прикажуваат мултимедијални пораки.
Изгледот на пораката може да е различен во зависност
од уредот што ја прима.
Мултимедијална порака (MMS) може да содржи текст и
објекти како што се слики, звучни или видео клипови.
Пред да можете да испратите или примите
мултимедијални пораки на Вашиот уред, морате да ги
одредите прилагодувањата за мултимедијална
порака. Вашиот уред може да го препознае операторот
на SIM картичката и автоматски да конфигурира
прилагодувања за точна мултимедијална порака. Ако
не е така, контактирајте го Вашиот оператор за точните
прилагодувања, нарачајте ги прилагодувањата од
Вашиот оператор во порака за конфигурација, или
користете ја апликацијата Волшебник за
прилагодувања.