Водич низ маршута
Одберете
Menu
>
Applications
>
GPS data
и
Navigation
.
Стартувајте го водичот низ маршутата надвор. Доколку
тој е стартуван во затворена просторија, GPS ресиверот
може да не ја прими потребната информација од
сателитите.
Водичот низ маршутата користи ротирачки компас на
екранот на уредот. Црвената точка ја покажува
насоката кон дестинацијата, а приближната
оддалеченост до дестинацијата е прикажана во самиот
прстен во компасот.
Водичот низ маршутата е дизајниран да го покаже
најправиот пат и најкраткото растојание до
дестинацијата, измерени во права линија. Било какви
пречки на патот, како згради и природни пречки, се
игнорираат. Разликите во височината не се земаат во
предвид кога се пресметува растојанието. Водичот низ
маршутата е активен само кога се движите.
За да ја поставите дестинацијата на Вашето патување,
одберете
Options
>
Set destination
и ознака за земја
како дестинацијата, или внесете ги координатите на
географската ширина и должина.
За да ја избришете дестинацијата поставена за Вашето
патување, одберете
Stop navigation
.