
За GPS
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е
управуван од Владата на Соединетите Држави, која е
единствено одговорна за точноста и одржувањето на
системот. На точноста на податоците на локацијата
може да влијае прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите Држави и е
предмет на промена со политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на Соединетите
Американски Држави и Федералниот Радио-
навигационен план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки
како и временските услови. GPS сигналите може да не
се достапни во внатрешноста на згради или под земја
и може да бидат попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате
79
Позиционирање
(GPS)

единствено на податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Координатите во GPS се изразени со помош на
меѓународниот координативен систем WGS-84.
Достапноста на координатите може да варира во
зависност од регионот.