
Прифаќање на покана
Кога некој ќе ви испрати покана за споделување видео,
пораката со покана го прикажува името или SIP
адресата на испраќачот. Ако вашиот уред не е поставен
на тивко, ѕвони кога ќе примите покана.
Ако некој ви испрати покана за споделување а вие не
сте во опсег на UMTS мрежа, нема да знаете дека сте
примиле покана.
Кога ќе примите покана, изберете од следново:
•
Yes
— Прифатете ја поканата и активирајте ја
сесијата на споделување.
•
No
— Отфрлете ја поканата. Испраќачот прима
порака дека сте ја отфрлиле поканата. Исто така,
можете да го притиснете копчето за крај за да ја
отфрлите поканата и да го завршите гласовниот
повик.
За да го исклучите звукот на видеото во вашиот уред,
изберете
Options
>
Mute
.
За да го репродуцирате видеото со оригиналната
гласност, изберете
Options
>
Original volume
. Ова не
влијае на аудио плејбекот на другата страна од
телефонскиот повик.
За да ја завршите сесијата на споделување, изберете
Stop
. За да го завршите гласовниот повик, притиснете
го копчето за крај. Кога ќе го завршите повикот,
завршува и видео споделувањето.