
Потребно за Видео
споделувње
Видео споделувањето бара 3G конекција. За повеќе
информации за услугата, достапноста на 3G мрежа и
тарифите поврзани со користењето на оваа услуга,
контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.
За да го користите видео споделувањето морате да го
сторите следново:
• Да се осигурате дека Вашиот уред е прилагоден за
конекции лице-до-лице.
• Осигурете се дека имате активна 3G конекција и дека
сте во опсегот на 3G мрежна покриеност. Ако се
преместите надвор од 3G мрежата за време на
сесијата на видео споделување, споделувањето се
стопира додека Вашиот гласовен повик
продолжува.
• Осигурете се дека и испраќачот и примачот се
регистрирани на 3G мрежата. Ако поканите некого
на сесија за споделување и уредот на примачот не е
во опсегот на 3G мрежна покриеност, нема
инсталирано видео споделување или нема
прилагодено лице-до-лице конекции, примачот не
прима покани. Вие ќе примите некоја порака за
грешка која што покажува дека примачот не може
да ја прифати поканата.