За методите на
позиционирање
Мапи ја прикажуваат Вашата локација на мапата
користејќи GPS, A-GPS, WLAN или позиционирање
според бројот на мобилната ќелија.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е
сателитски навигациски систем наменет за
пресметување на Вашата локација. Assisted GPS (A-GPS)
е мрежна услуга која Ви испраќа GPS податоци, со што
се подобрува брзината и точноста на
позиционирањето.
Позиционирањето со безжична локална мрежа (WLAN)
ја подобрува точноста на позиционирањето кога GPS
сигналите не се достапни, посебно кога сте внатре или
помеѓу високи згради.
При позиционирање врз основа на идентификација на
ќелија (cell ID), положбата се одредува преку
антенската кула со која Вашиот мобилен уред е
моментно поврзан.
Во зависност од достапната метода на позиционирање,
точноста на позиционирањето може да варира од
неколку метри до неколку километри.
Кога употребувате Мапи за прв пат, од Вас е побарано
да дефинирате интернет влезна точка за да ја
користите за даунлоадирање на информации за мапа,
користење на A-GPS или поврзување со WLAN.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е
управуван од Владата на Соединетите Држави, која е
единствено одговорна за точноста и одржувањето на
системот. На точноста на податоците на локацијата
може да влијае прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите Држави и е
предмет на промена со политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на Соединетите
Американски Држави и Федералниот Радио-
навигационен план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки
како и временските услови. GPS сигналите може да не
се достапни во внатрешноста на згради или под земја
и може да бидат попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате
единствено на податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Забелешка: Во некои земји може да биде
ограничено користењето на WLAN. На пример, во
Франција е дозволено користење на WLAN само во
затворени простории. За повеќе информации,
контактирајте ги Вашите надлежни органи.
86
Мапи