За Bluetooth конективноста
Со Bluetooth конективноста, можете да направите
безжична конекција со друг компатибилен уред, како
што се мобилни уреди, компјутери, слушалки и сетови
за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испраќате
слики, видео и звучни клипови, да додадете белешки,
да префрлувате датотеки од Вашиот компатибилен PC
и да печатите слики со компатибилен печатач.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија
комуницираат користејќи радио бранови, тие не мора
да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие
мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33
стапки) еден од друг, иако конекцијата може да биде
попречена од некои пречки како што се ѕидови или
други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата
2.0 + EDR што ги поддржува следниве профили:
Напредна аудио дистрибуција, Далечинско
управување на аудио видео, Основна слика, Основно
печатење, Dial-up мрежа. Пренос на датотеки,
Генерички пристап, Hands-free, Слушалки, Уред со
човечки изглед, Објект пуш, Пристап до именик,
Пристап до SIM, Сериска порта . За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите уреди што
поддржуваат Bluetooth технологија, користете
додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.
62
Конективност
Проверете со производителите на другите уреди за да
ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја
зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата
и го намалуваат животниот век на батеријата.
Кога уредот е заклучен, можни се само конекции со
овластени уреди.