
Далечински SIM режим
Пред далечинскиот SIM режим да може да се активира,
двата уреда мора да бидат спарени, а спарувањето
мора да биде започнато од другиот уред. Кога ги
спарувате, употребете го 16-цифрениот код за влез, а
потоа прилагодете го другиот уред како овластен.
За да го користите далечинскиот SIM режим со
компатибилен сет за во автомобил, активирајте ја
Bluetooth конективноста и овозможете ја употребата
на далечинскиот SIM режим со Вашиот уред.
Активирајте го далечинскиот SIM режим од другиот
уред.
Кога далечинскиот SIM режим е вклучен во Вашиот
уред,
Remote SIM mode
се прикажува на екранот во
standby режимот. Конекцијата со безжичната мрежа е
исклучена, како што покажува во областа за
индикаторот за јачина на сигнал и не можете да ги
користите услугите и функциите на SIM картичката кои
што бараат покриеност на мобилна мрежа.
Кога безжичниот уред е во далечинскиот SIM режим,
можете да користите само компатибилни поврзани
додатоци, како што е сет за во автомобил, за да
остварувате и примате повици. Додека сте во овој
режим, Вашиот безжичен уред нема да остварува
никакви повици, освен кон итните броеви
програмирани во Вашиот уред. За да остварувате
65
Конективност

повици со Вашиот уред, мора да го напуштите
далечинскиот SIM режим. Ако уредот е заклучен,
внесете го кодот за заклучување за да го отклучите.
За да го напуштите далечинскиот SIM режим,
притиснете го копчето за вклучување и одберете
Exit
remote SIM mode
.