Кабел за податоци
За да избегнете оштетување на податоците, не го
откачувајте USB кабелот за податоци за време на
префрлувањето на податоците.
Префрлувајте податоци помеѓу Вашиот уред
и компјутер
1. Вметнете мемориска картичка во Вашиот уредм и
поврзете го уредот на компатибилен компјутер со
кабел за податоци.
2. Кога уредот Ве прашува кој режим да го користи,
одберете
Mass storage
. Во овој режим, можете да
го прикажете Вашиот уред како отстранлив хард
диск во Вашиот компјутер.
3. Завршете ја конекцијата од компјутерот (од Unplug
or Eject Hardware помошникот во Microsoft Windows,
на пример) за да избегнете оштетување на
мемориската картичка.
За да го користите Nokia Ovi Suite со Вашиот уред,
инсталирајте Nokia Ovi Suite на Вашиот компјутер,
поврзете го кабелот за податоци, и одберете
PC Suite
.
За да ја синхронизирате музиката во Вашиот уред со
Nokia Ovi Player, инсталирајте го софтверот Nokia Ovi
Player на Вашиот компјутер, поврзете го кабелот за
податоци и одберете
Media transfer
.
За да го промените USB режимот кој нормално го
користите со кабелот за податоци, одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Connectivity
>
USB
и
USB connection
mode
, и саканата опција.
За да наместите уредот да прашува за режимот секој
пат кога го поврзувате кабелот за податоци со уредот,
одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Connectivity
>
USB
и
Ask on connection
>
Yes
.