Nokia E72 - За WLAN

background image

За WLAN

Вашиот уред може да препознае и да се конектира на

безжична локална мрежа (WLAN). Користејќи WLAN,

можете да го поврзете Вашиот уред на интернет и на

компатибилни уреди што поддржуваат WLAN.
За да користите некоја WLAN конекција, потребно Ви е

следново:
• WLAN мора да биде достапна во Вашата локација.
• Вашиот уред мора да биде поврзен на WLAN. Некои

WLAN мрежи се заштитени и потребен Ви е

пристапен клуч од операторот на услуги за да се

поврзете на нив.

• Интернет влезна точка создадена за WLAN.

Користете ја влезната точка за апликации на кои им

е потребно да се поврзат на интернет.

Воспоставена е WLAN конекција кога креирате некоја

конекција на податоци користејќи WLAN интернет

влезна точка. Активната WLAN конекција завршува

кога ја затворате конекцијата на податоци.

Можете да користите WLAN за време на гласовен повик

или кога пакет податоците се активни. Можете да се

поврзете само на една WLAN влезна точка на уредот

истовремено, но неколку апликации може да ја

користат истата влезна точка.
Функциите кои што користат WLAN, или кои

дозволуваат таквите функции да работат во позадина

додека ги користите другите функции, ја зголемуваат

потрошувачката на енергија од батеријата и го

намалуваат животниот век на батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN

карактеристики:
• IEEE 802.11b/g стандарден
• Рабори на 2.4 GHz
• WEP, WPA/WPA2 и 802.1x методите за автентикација.

Овие функции може да се користат само ако се

поддржани од мрежата.

Важно: Секогаш вклучете еден од достапните

методи на шифрирање за да ја зголемите безбедноста

на Вашата безжична LAN конекција. Користењето на

шифрирање го намалува ризикот од неовластен

пристап до Вашите податоци.
Кога уредот е во offline профилот, сеуште можете да

користите WLAN, ако е достапна. Запомнете да

подлегнете на какви било применливи препораки за

безбедност кога воспоставувате и користите WLAN

конекција.

Совет: За да ја проверите уникатната адреса за

контрола на пристап на медиа (media access

control - MAC) што го идентификува Вашиот уред,

внесете *#62209526# во почетниот екран.

59

Конективност

background image

Забелешка: Во некои земји може да биде

ограничено користењето на WLAN. На пример, во

Франција е дозволено користење на WLAN само во

затворени простории. За повеќе информации,

контактирајте ги Вашите надлежни органи.