Nokia E72 - Грижа за Вашиот уред

background image

Грижа за Вашиот уред

Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и

изработка и кон него треба грижливо да се однесувате.

Следниве сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите

важечката гаранција.
• Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите

типови на течности и влага може да содржат

минерали што ќе ги кородираат електронските

кола. Ако Вашиот уред сепак се навлажни,

отстранете ја батеријата и оставете уредот целосно

да се исуши пред да ја смените.

• Не го користете или чувајте уредот во прашливи,

нечисти места. Неговите подвижни делови и

електронски компоненти може да се оштетат.

• Не го чувајте уредот на високи или студени

температури. Високите температури може да го

намалат векот на електронските уреди, да ги

оштетат батериите или да искриват или растопат

154

Информации

за

производот

и

без

бедноста

background image

одредени пластични делови. Кога уредот се загрева

до неговата нормална температура од некоја

студена температура, во внатрешноста на уредот

може да се формира влага и да ги оштети плочките

на електронските кола.

• Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин

освен како што е наведено во ова упатство.

• Не го испуштајте удирајте или тресете уредот.

Грубото ракување може да ги скрши внатрешните

плочки на колата и прецизната механика.

• Не користете груби хемикалии, раствори за чистење

или јаки детергенти за чистење на уредот. Користете

само некое нежно, чисто, суво платно за да ја

исчистите површината на уредот.

• Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави

подвижните делови и да спречи правилно

функционирање.

• Користете ја само антената што е приложена или

нејзина одобрена замена. Неодобрените антени,

модификации или приклучоци може да го оштетат

уредот и да ги прекршат правилата кои важат за

радио уреди.

• Користете ги полначите во затворен простор.
• Направете резервни копии на сите податоци што

сакате да ги зачувате, како што се контакти и

белешки од календарот.

• За да го ресетирате уредот од време на време за

оптимални перформанси, исклучете го уредот и

отстранете ја батеријата.

Овие предлози се однесуваат подеднакво на Вашиот

уред, батерија, полнач, или било кој додаток.