Nokia Ovi Suite
Nokia Ovi Suite е пакет на апликации коишто можете да
ги инсталирате на компатибилен компјутер. Ovi Suite
ги групира сите достапни апликации во некој прозорец
за стартување од кој можете да ги отворите
апликациите. Ovi Suite може да биде вклучен на
мемориска картичка, доколку таа е обезбедена со
Вашиот уред.
Можете да го користите Ovi Suite за да ги
синхронизирате контактите, календарот, и задачите и
другите белешки помеѓу Вашиот уред и некоја
компатибилна апликација за компјутер. Исто така,
можете да го користите Ovi Suite за да зачувате некои
линкови помеѓу Вашиот уред и компатибилните
пребарувачи, и да префрлувате слики и видео клипови
помеѓу Вашиот уред и компатибилен компјутер.
Обратете внимание на прилагодувањата за
синхронизација. Бришењето на податоци како дел од
нормалниот процес на синхронизација е определен од
одбраните прилагодувања.
За да го користите Ovi Suite потребен Ви е компјутер
којшто користи Microsoft Windows XP (SP2 или понов)
или Windows Vista (SP1 или понов), и е компатибилен
со некој USB кабел за податоци или има можност за
Bluetooth поврзување.
Ovi Suite не е компатибилен со компјутерите на Apple
Macintosh.
За повеќе информации на Ovi Suite, погледнете го
вградениот помошник или појдете на www.nokia.com/
support.
Инсталирање на Nokia Ovi Suite
1. Уверете се дека мемориската картичка е вметната
во Вашиот Nokia E72.
2. Поврзете го USB кабелот. Вашиот компјутер го
препознава новиот уред и ги инсталира потребните
двигатели за уредот. Ова може да потрае неколку
минути.
3. Одберете
Mass storage
како режим за поврзување
со USB на Вашиот уред. Вашиот уред е прикажан
во Windows пребарувачот за датотеки како
отстранлив диск.
4. Со Windows пребарувачот за датотеки отворете го
коренот на мемориската картичка и одберете ја
датотеката за инсталација на Ovi Suite.
5. Инсталацијата е започната. Следете ги
инструкциите.
Совет: За да го ажурирате Ovi Suite или ако имате
проблеми со инсталацијата на Ovi Suite од
мемориската картичка, копирајте ја датотеката
за инсталација на Вашиот компјутер и
инсталирајте го од компјутерот.
23
За
почеток