Пишување текст со
тастатурата
Вашиот уред има целосна тастатура.
Префрлување помеѓу различните големини на
знаци — За да се префрлувате помеѓу режимите на
големи и мали букви, притиснете го копчето shift
двапати. За да внесете една голема буква во режимот
на мали букви или обратно, притиснете го копчето shift
еднаш, а потоа и саканото копче од азбуката.
Вметнување на број или посебен знак, отпечатен
на врвот на некое копче — Притиснете го копчето за
функција, а потоа притиснете го соодветното копче од
азбуката, или само притиснете и задржете го копче од
азбуката. За да внесете неколку специјални знаци по
ред, притиснете го копчето за функција набрзина
двапати, и потоа притиснете ги саканите копчиња од
20
За
почеток
азбуката. За да се вратите во нормалниот режим,
притиснете го копчето за функција еднаш.
Вметнување посебен знак што не е на
тастатурата — Притиснете го копчето за симболи и
одберете и некој знак.
Вметнување буква што не е на тастатурата —
Можно е да се внесат варијации на букви, на пример,
букви со акценти. На пример, за да вметнете á,
притиснете и задржете го копчето за симболи а
истовремено постојано притискајте на копчето A,
додека не се прикаже саканиот знак. Распоредот и
достапноста на буквите зависат од одбраниот јазик за
пишување.
Вметнување смајли — Притиснете го копчето за
симболи и одберете смајли. Смајли е достапно само за
текстуални и мултимедијални пораки.
Совет: За да додадете посебен знак што е
неодамна користен, додека притискате и држите
на копчето ctrl, притиснете го копчето за
симболи и од менито што се појавува, одберете
го знакот.
Копирање и залепување текст
1. Притиснете и задржете го копчето shift и движете
се за да го означите зборот што сакате да го
копирате.
2. Притиснете ctrl + C.
3. Одете на местото каде што сакате да го залепите
текстот и притиснете ctrl + V.
Промена на јазикот за пишување или активирање
на предвидливото внесување текст — Одберете
Options
>
Input options
.