Nokia E72 - Наполнете ја батеријата

background image

Наполнете ја

батеријата

Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката.

Ако уредот покажува дека е слабо наполнет, сторете

го следново:
1. Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2. Поврзете го приклучокот на полначот со уредот.

Доколку користите USB полнач, поврзете го

приклучокот на полначот во USB конекторот.

3. Кога уредот покажува дека е целосно наполнет,

откачете го полначот од уредот, а потоа од ѕидниот

штекер.

Не треба да ја полните батеријата за некое одредено

време и можете да го користите уредот додека се

полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може да

потрае неколку минути пред индикаторот за полнење

да се појави на екранот или пред да можат да се

направат било какви повици.

Полнење со USB кабел за податоци

Полнењето со USB кабел за податоци е побавно од

полнењето со полнач. Полнењето со USB кабел за

податоци можно е да не функционира доколку

користите USB разводник. USB разводниците можат да

бидат некомпатибилни за полнење на USB уред.
Кога е USB кабелот за податоци е поврзан, можете да

ги префрлувате податоците во исто време додека трае

полнењето.
1. Поврзете некој компатибилен USB уред на Вашиот

уред користејќи компатибилен USB кабел за

податоци.
Во зависност од типот на уредот што се користи за

полнење, може малку да потрае додека полнењето

да започне.

2. Доколку уредот е вклучен, одберете од

достапните USB режими.

18

За

почеток