Функции на
копчињата
Вашиот нов Nokia E72 Ви помага да управувате со
Вашите работни и лични информации. Тука се
истакнати некои од функциите на копчињата:
Читајте и одговарајте на Вашите e-mail
пораки во од.
Бидете во тек и планирајте ги Вашите
состаноци со апликацијата Календар.
Раководете со Вашите бизнис партнери и
пријатели во слободно време со
апликацијата Контакти.
Поврзете се на безжична LAN (WLAN) со
апликацијата WLAN волшебник.
Работете со документи, табеларни
пресметки и презентации со апликацијата
Quickoffice.
Најдете точки на интерес со апликацијата
Мапи.
Префрлете од бизнис на личен режим.
Изменете го изгледот и прилагодувањето на
Вашиот почетен екран со апликацијата
Режими.
Пребарајте интранет на Вашата компанија со
апликацијата Интранет.
Преместете ги Вашите информации за
контакти и календар од друг уред на Вашиот
Nokia E72 со апликацијата Префрлување.
Проверувајте за достапните надградби за
апликации и даунлоадирајте ги на Вашиот
уред со апликацијата Надградба на софтвер.
Енкриптирајте ја меморијата на Вашиот уред
или мемориска картичка за да спречите
други да пристапуваат до Вашите важни
информации.