Мултитаскинг
Можете да имате повеќе отворени апликации во исто
време. За да префрлате помеѓу активни апликации,
притиснете и задржете го копчето за почеток,
скролувајте до апликацијата и притиснете го копчето
за скролување. За да ја затворите одбраната
апликацијата, притиснете го копчето за бришење
назад.
Пример: Кога имате активен телефонски повик
и сакате да го проверите Вашиот календар,
притиснете го копчето за почеток да пристапите
до менито, и отворете ја апликацијата Календар.
Телефонскиот повик останува активен во
позадината.
Пример: Кога пишувате порака и сакате да
погледнете веб страница, притиснете го копчето
за почеток за да пристапите до менито и
отворете ја апликацијата Web. Одберете ознака
за веб страница или внесете ја рачно веб
страницата и одберете
Go to
. За да се вратите на
Вашата порака, притиснете и задржете го
копчето за почеток, скролувајте до пораката и
притиснете го копчето за скролување.