Nokia E72 - За управувањето со дигитални права

background image

За управувањето со

дигитални права

Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони

и почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и

легитимните права на другите, вклучувајќи ги и

8

Безбеднос

т

background image

авторските права. Заштитата на авторските права

може да Ве спречи да копирате, модифицирате или

пренесувате некои слики, музика и други содржини.
Сопствениците на содржини може да користат

различни типови на технологија за управување со

дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM)

за заштита на нивната интелектуална сопственост,

вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред користи

различни типови на ДРМ софтвер за пристап до

содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред можете да

пристапите на содржини заштитени со WMDRM 10 и

OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да ја

заштити содржината, сопствениците на содржината

може да побараат таквата ДРМ софтверска можност за

пристап до новите содржини заштитени со ДРМ да

бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да

спречи обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ

веќе во Вашиот уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ

софтвер не влијае на користењето на содржини

заштитени со друг тип на ДРМ или користење на

содржини незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со

лиценца што ги дефинира Вашите права за користење

на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за

да направите резервна копија на лиценцата и на

содржината, користете ја функцијата за правење

резервни копии на Nokia Ovi Suite.
Другите методи на префрлување може да не ги

префрлуваат лиценците кои треба да се повратат со

содржината за да можете Вие да продолжите со

користење на содржината заштитена со OMA DRM

откако меморијата на уредот ќе биде форматирана.

Може исто така да треба да ја повратите лиценцата во

случај датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM,

и лиценцата и содржината ќе бидат изгубени ако

меморијата на уредот се форматира. Може исто така да

ги загубите лиценцата и содржината ако датотеките на

Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на лиценцата

или на содржината може да ја ограничат Вашата

можност за повторно користење на истата содржина

на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте

го Вашиот оператор.
Некои лиценци може да се поврзани со некоја

специфична SIM картичка, и на заштитената содржина

може да и се пристапи само ако SIM картичката е

вметната во уредот.

Отстранување на

батеријата

Исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да