Мобилна VPN
Одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Settings
и
Connection
>
VPN
.
Клиентот Nokia mobile virtual private network (VPN)
креира безбедна конекција до компатибилни
корпоративни интранет мрежи и услуги, како што е e-
mail. Вашиот уред се поврзува од некоја мобилна
мрежа, преку интернет, до некој корпоративен VPN
гејтвеј кој што функционира како влезна врата до
компатибилната корпоративна мрежа. VPN клиентот
користи IP Security (IPSec) технологија. IPSec е рамка од
отворени стандарни за поддршка на безбедната
размена на податоци преку IP мрежи.
VPN политиките го дефинираат методот што се користи
од страна на VPN клиентот и некој VPN гејтвеј за да се
автентифицираат еден со друг, и алгоритмите за
шифрирање кои што тие ги користат за да помогнат во
заштитата на доверливоста на податоците. За VPN
полиса, контактирајте го IT одделот на Вашата
компанија.
За да го инсталирате и конфигурирате VPN клиентот,
сертификатите, и политиките, контактирајте со IT
администраторот на Вашата организација.